„Повеќе нема недопирливи“, власта во офанзива против корупцијата

од Берта Китинска
434 прегледи

Обемен антикорупциски план  најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски. Велат дека планот е производ на политичка волја и дека со него треба да се демонтира корумпираниот систем наследен од претходната влада.

Заев посочи дека Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нас.

„Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа, не им е простено, оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно“, наведе претседателот на Владата .

Тој нагласи дека Владата е одлучна и дека е дојдено времето во целост да се демонтираат режимските остатоци кои го скапуваат системот, а да се воздигнат службите кои чесно им служат на граѓаните.

„За ваквите злодела, против претходната криминална власт, денеска се водат судски постапки, некои се осудени, некои се уште се судат. Додека тие одговараат пред лицето на правдата, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци по системот. И нема да запреме додека не завршиме во целост со тоа. И да, секој од нас треба да е свесен, дека ако било кој помисли да го прави истото, треба да е спремен да се соочи со правдата – а правдата е тука, ете ја, секој ден по рочиштата и низ судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние, уште од првиот ден на првиот мандат почнавме со активна транспарентност. Тоа е антикорупциски лек за многу системски болести низ системот“, истакна премиерот Заев.

Николовски најави и измени на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, каде што ќе се допрецизира судирот на интереси во делот кој се однесува на вршење на две или повеќе јавни функции, наведување на сите лица кои треба да достават анкетен лист до Државната комисија, како и проширување на надлежностите на истата во делот на носење и спроведување на планот за интегритет.

„Ја подигнуваме свеста кај сите органи на државната управа, јавните претпријатија и јавните установи да подготват антикорупциска годишна програма со прецизни активности кои опфаќаат анализа на различни области на корупцијата, недостатоци во законите, евентуални причини и фактори на корупција, како и мерки за јакнење на алатките за транспаретност и отчетност“,рече Николовски.

Слични содржини