„Исламска држава“ уби три новинарки?

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во кој синоќа беа убиени три новинарки на телевизиска станица во источен Авганистан.

Разузнавачката група „СИТЕ“, која ги следи заканите на џихадистите на Интернет, објави дека Исламската држава ја презела одговорноста за убиството на трите девојки, вработени во авганистанската телевизија „Еникас“ во градот Џалалабад, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека авганистанските официјални лица претходно потврдиле дека три девојки, на возраст од 18 до 20 години, кои работеле како спикери на „Еникас ТВ“, биле убиени, а четвртата е сериозно повредена, откако непознат напаѓач пукал кон нив вчера додека се враќале од работа.

Слични содржини