Симовски: Некој да се изјасни и како Марсовец, ќе биде потпишан какао таков

од Берта Китинска
359 прегледи

„Нема потреба да се бара таква графа во пописот,веќе има“ ова е коментарот на директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во однос на за сугестијата на шефот на дипломатијата Бујар Османи во која тој ги повика претставниците на бугарските здруженија во земјава да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот.

„ Ако вие му дадете да бира од одреден список на припадности тогаш вие на некој начин влијаете. Затоа е празна графата, со впишувањето на првите три букви од она што се изјаснува, се повлекува она што го имаме ние во кодексот на шифри и за да може да се добие, бидејќи во статистиката секој запис се префрла во бројка, соодветен код. Меѓутоа, празна е за да нема влијание. А, во кодексот на шифри се ставени се што постои сознание дека некогаш во оваа држава некој се изјаснил за некаква етничка припадност, стој во тој кодекс и има можност и право.Дури и да одме во некој баналсни слуачи ако некој сака да се изјасни и како Марсовец, ќе биде потпишан какао таков“, вели Симовски.

Слични содржини