Директорот на ФБИ: Нападот врз Капитол е чин на ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ, кој нема да исчезне наскоро

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Нападот врз зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари беше акт на домашен тероризам, изјави директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј.

Во обраќањето пред Судската комисија на Сенатот на Конгресот на САД, тој истакна дека 6 јануари не е изолиран инцидент и дека проблемот со домашниот тероризам во Америка со години метастазира.

Реј однесувањето на демонстрантите во зградата на Конгресот го нарече „криминално“.

Директорот на ФБИ изјави дека настаните што се случиле немаат место во американската демократија и дека толерирањето на вакви инциденти ќе биде исмејување на владеењето на правото во САД, објави „Спутник“

Реј, кој е директор на ФБИ од 2017 година, истакна дека агенцијата во последните три и пол години го удвоила бројот на истраги од областа на домашниот тероризам, а во моментов се активни 2.000 истраги.

Тој предупреди дека проблемот со домашниот тероризам нема да исчезне наскоро во САД.

Слични содржини