Орбан ја исполни заканата: Ја напушти Европската народна партија

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Владејачката партија на Унгарија, Фидес, се повлече од парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, по долгогодишните расправии за владеењето на правото и примената на европските вредности во Унгарија.

Десничарската партија Фидес, која има двотретинско мнозинство во домашниот парламент скоро непрекинато од 2010 година, ја напушти ЕПП затоа што беше прифатен амандман на деловникот, која овозможува да се исклучат цели партии од таа група а не само одделни поединци.

Во писмото до претседателот на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја пренесе одлуката на Фидес да ја напушти.

„Промените во деловникот на групата ЕПП очигледно се непријателски потег против Фидес и нашите гласачи. Тоа е антидемократско, нефер и неприфатливо. Затоа управното тело на Фидес одлучи веднаш да ја напушти групата ЕПП“, изјави Орбан.

Слични содржини