Интегрираниот модел за учење останува откако Владата вчера даде поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образовани.
-Имаше неколку забелешки кои се дискутираа во јавноста, тоа беше наставниот предмет Историја или научната дисциплина што е интегрирана и таа останува интегрирана до шесто одделение. Во шестото одделение во насловот на самата група предмети одиме со Историја и општество, до шесто одделение со Општество.Согласно Законот за употреба на јазиците од четврто одделение наставните јазици се воведуваат како изборни за граѓаните.Исто така имавме дискусија околу употребата на албанскиот јазик дали да биде во изборен или да биде како трет изборен јазик или да оди со странски јазици. Останавме на изборен предмет од шесто одделение како што е во наставниот план и исто така на почетокот имаше иницијатива да биде прво и шесто, да директно се влезе во предметна, но отидовме со прво и четврто, во суштина ги опфаќаме во одделенска настава, го правиме влезот на концепцијата за да има повеќе време за шестото одделение за наставните програми што веќе се интегрираат, таму почнува и предметната настава, истакна министерката за образование Мила Царовска.