Во Косово уште четири жртви од коронавирус, 568 се новозаразени

од Nikola Popovski
165 прегледи

Во последните 24 часа во Косово, четири лица починале како резултат на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број на жртви достигнал 1.620.

Заклучно со вчера, регистрирани се 568 случаи на инфекција меѓу 2.532 тестирани примероци.

Денес има 8.505 активни случаи на заразата.

Од почетокот на епидемијата на Косово, регистрирани се 70.753 случаи на инфекции, а тестирани се 315.664 примероци.

Слични содржини