„Словачкиот премиер му ветил на Путин дел од Украина во замена за руските вакцини“

од Nikola Popovski
285 прегледи

Словачкиот премиер Игор Матовиќ изминатите денови бил мета на остри критики поради увозот на руските вакцини „Спутник V“. Сепак, се чини дека тоа не му пречи, па дури и одговарал на провокативните прашања со шега.

Премиерот на Словачка, Игор Матовиќ, на шега одговорил на прашањето на новинарите, што му ветил на рускиот претседател Владимир Путин за вакцините.

„Закарпатска Украина“, одговорил премиерот.

Тој рече дека постојат стереотипи дека преговорите со Русија автоматски значат предавство на Словачка. Премиерот едноставно сакал граѓаните на неговата република да примаат вакцини кои ќе им го олеснат животот, велат од прес-службата.

„Што мислите, што ветив? Ништо не им ветив. Ништо не побараа од мене“, објасни Матовиќ.

Што се однесува до Задкарпатска Украина, така во Словачка се нарекува украински регион Закарпатје, кој главно е населен со Унгарци и Руси.

Во понеделникот во Словачка пристигнаа два милиони дози на руската вакцина против коронавирус Спутник V.

Слични содржини