Иницијатива за конгрес: Сега е вистинскиот час, Мицкоски да ја ослободи партијата, да престане да шири раздор и да си замине пред уште еден изборен пораз

319 прегледи

Иницијативниот одбор на ВМРО ДПМНЕ за организирање на вонреден конгрес и смена на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во своето соопштение денес уште еднаш посочи дека никој не заслужува ваков манипулатор за водач.

Имено, велат кој бил, и ќе остане лажго, а не успеа ниту да излгласа недоверба на Владата, иако наводно имаше „парламентарно мнозинство“.

„Се уште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да си замине од функцијата што ја извршува пред да направи дополнителна штета.

Ниту Македонија, ниту ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат водач кој манипулира и не си стои на зборот.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема место за такви луѓе, особено не на раководни позиции.
Еднаш лажго, секогаш лажго.

Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сеуште актуелниот Претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое што тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев.
Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба.
Партијата вчера беше посрамена.

Нема член на ВМРО-ДПМНЕ кој не се почуствува излажан, изманипулиран, потценет.
Се виде дека Мицкоски свесно ширел еуфорија дека успеал да обезбеди мнозинство, иако знаел дека тоа не е вистина.
Високи партиски извори на Мицкоски пред две недели преку опозициската ТВ Алфа го брифираа членството дека тој обезбедил 61 пратеник за ново мнозинство, но работел на зголемување на бројот на пратеници, односно дополнително стабилизирање на мнозинството.
Самиот Мицкоски уште во октомври лани најави дека разговал со пратеници од владеачката коалиција кои сакале да го напуштат Заев.
Претходно, кон крајот на јули, го убедуваше Централниот комитет дека имал подобра позиција од СДСМ за формирање на влада, па побара и доби овластување да преговара за составување на ново мнозинство.

Доколку е и од Мицкоски, многу е.
Најави дека ќе се повлече од функцијата доколку не победи и не формира влада и не си го одржа зборот.
Најави дека во Штип се брани Македонија, па Македонија му ја препушти на Симон Поликарп – Џими.
Немаше став за референдумот, а нема став ниту за пописот.
Загуби претседателски, парламентарни и неколку локални избори, а промовираше кадри како Сафет Бишевац и Воислав Зафировски.
„Дојде време, дојде час“ се вели во химната на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега е вистинскиот час, Мицкоски да ја ослободи партијата, да престане да шири раздор и да си замине пред уште еден изборен пораз и дополнителна штета на ВМРО-ДПМНЕ.
Делегатите на конгресот во Валандово не го гласаа за тоа“, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор.

Слични содржини