Европска комисија: Не набавуваме руска вакцина

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Европската комисија денес објави дека не преговара со Русија за набавка на нејзината вакцина против коронавирусот Спутник V.

„Во моментов нема дискусија за можноста вакцината Спутник да биде интегрирана во нашиот систем за имунизација“, рече портпаролот на ЕУ, пренесе Ројтерс.

Изјавата дојде неколку часа откако Европската агенција за лекови соопшти дека започнала испитување на руската вакцина, по што може да биде одобрена за употреба во 27-те земји-членки на Европската унија.

„Дури и ако вакцината е одобрена во Европската унија врз основа на позитивно мислење на Агенцијата за лекови, тоа не значи дека Европската комисија има обврска да ја вклучи во својот систем за имунизација“, рече претставникот на ЕК за медиуми.

Руската вакцина веќе започна да се користи или е во фаза на нејзино одобрување во три членки на Европската унија – Унгарија, Словачка и Чешка.

Слични содржини