323
Германското тело за вакцинирање одобри употреба на вакцината „AstraZeneca“ за граѓани над 65 години.
Информацијата ја објави Министерството за здравство, кое забележува дека препорачува 12 недели помеѓу првата и втората доза на вакцина за трајна вакцинација, објави АП.
– Тоа е добра вест за старите лица кои чекаат на вакцината. Сега може побрзо да се вакцинираат – наведува Министерството, додавајќи дека наскоро ќе биде донесен декрет за спроведување на оваа препорака.