Изјавата на Мила Царовска дека новата концепција значи нов стандард и квалитет во образованието и подобра инфраструктура не се ништо друго освен празни зборови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ,
„Ништо од кажаното не е поткрепено со факти, па ја повикуваме да објасни каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план без наставни програми, за кои вчера кажа дека допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото. Нов квалитет без посебни предмети и вовед во науките, со интегрирана историја и географија, со посебен осврт на севкупно сексуално образование и Јога? Каков квалитет би бил тој којшто не е во согласност со мислењата на најголем број релевантни фактори од образованието, ниту со најголем број наставници, па ни со Синдикатот? БЕЗ УЧЕБНИЦИ? Нов квалитет со фингиран избор на ментори?“, прашуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека власта на СДСМ кога се ближат избори тогаш почнува со политичка кампања со стари лаги и нереализирани дадени ветувања.
„Откако под превез за унапредување на средните стручни училишта направи кампања за својот шеф Зоран Заев, Мила Царовска тргнала во посета по општини за исполнување на истата цел. Мила Царовска ветувањата дадени пред 4 години ги поврзува со Концепцијата. После четири гидини пред локални избори добро се сетила дека требаше да ги среди инфраструктурните услови во основното училиште „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во Хром, да ја завршите доградбата за сите паралелки и за доградбата на градинката. Ваквите лицемерни постапки повеќе не поминуваат кај граѓаните“, велат од ВМРО ДПМНЕ.