Приведени со лисици: Две познати српски старлети биле дел од групата на Беливук

од Nikola Popovski
848 прегледи

Старлетите Тијана Максимовиќ ака Тијана Ајфон и Милица Живановиќ позната како Мими Оро биле испрашувани вчера бидејќи, како што се сомнева, биле чести гости на Вељко Беливук во ложата на неговата криминална група на стадионот на ФК Партизан.

Вчера со лисици на рацете, старлетите биле донесени на распит во просториите на СБПОК, со цел да бидат испрашувани заради нивните врски со Беливук, кој е осомничен дека ја водел најопасната криминална организација во Србија, но и други членови на неговата група.

Покрај тоа што беа чести гости во ложата на Неволја на стадионот, тие биле блиски и со некои членови на групата. И Тијана Ајфон и Мими Оро, кои и претходно биле осудувани за проституција, биле сослушувани со часови, а по сослушувањето тие не биле расположени да одговорат на новинарски прашања. Според некои белградски медиуми, Мими Оро кратко коментирала дека „вистина е дека одговарала на некои прашања во врска со Вељко Беливук“.

Тијана Ајфон која ја чека извршувањето на затворската казна поради пресудата за организирање меѓународна проституција, некое време била свршена со уапсениот член на оваа криминална група, Милован Тадиќ Микса. Таа редовно објавувала фотографии со него на социјалните мрежи и зборувала за нивната љубовна врска, но вчера не сакала да коментира дали на полицијата и кажала сè што знаела за бизнисот на Микса со Веља Неволја.

Нејзиниот поранешен вереник со години работел како шеф на обезбедувањето во белградскиот клуб „Тилт“, а во досието има и обвинение за убиство.

Членови на криминалната група Беливук, осомничени за најгрозоморни злосторства, со години се криеле зад навивачката група „Принципи“ (поранешен „Јаничари“) и го држеле обезбедувањето во скоро сите поголеми клубови во главниот град. Од оваа позиција, започна нивниот раст во криминалниот свет, но продолжиле со обезбедувањето, што била профитабилна работа за нив и добра позиција за извршување други кривични дела.

И Мими Оро и Тијана Ајфон биле предмет на полициски активности неколку пати – и поради проституција, за која и двете биле во притвор.

Слични содржини