Ердоган: Ќе ја направиме Турција една од десетте најголеми економии во светот

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција, и покрај предизвиците што ги носи пандемијата на коронавирусот, продолжува да гради важни инфраструктурни проекти.

„Додека ги планираме и реализираме нашите инвестиции, секогаш ги имаме на ум нашите луѓе. Размислувајќи за тоа што им треба на нашиот народ и држава, спроведовме многу проекти“, рече Ердоган на видео-конференција во обраќањето на церемонијата на отворање на тунелот Кизилчахамам-Серкес.

Тој посочи дека патиштата што ги граделе претходните години не ги користат само луѓето и добрата, туку и иднината.

„Зголемената употреба на превозните средства, од нашите аеродроми до брзите возови, секако е резултат на проширување на нашата патна мрежа. Благодарение на патните мрежи, кои се надополнуваат едни со други, гледаме на иднината со многу поголема доверба во однос на развојот и економската инфраструктура“, рече Ердоган, пренесе Анадолија.

Тој истакна дека благодарение на развиената инфраструктура, неговата земја е на пат да стане еден од најважните центри за производство и трговија во светот за време на процесот на преобликување на глобалниот, политичкиот и економскиот поредок.

„Во минатото, индустријата и трговијата беа концентрирани само во одредени региони и градови на нашата земја. Денес го достигнавме нивото дека секој од 81 наш град може да ги искористи можностите што му се нудат, вклучително и леснотијата во транспортот и предностите на суровините и работната сила“, рече Ердоган.

Тој посочи дека турските власти ќе ги постигнат сите зацртани цели до 2023 година и дека тие ќе ја направат земјата една од 10-те најголеми економии во светот и ќе го подигнат стандардот на земјата на нивото што го заслужува, истакнувајќи дека затоа постојано инвестираат во транспорт и многу други области.

Слични содржини