261
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро им порача на Бразилците да „престанат да кукаат“ поради Ковид-19, додека тој ги критикуваше мерките за сузбивање на вирусот и покрај зголемувањето на бројот на заразени и починати од таа болест, објави во петокот Би-Би-Си.
Болсонаро ја даде изјавата за „кукањето“ ден откако беше регистриран рекорден број на смртни случаи за 24 часа во Бразил. Бразил ја доживува најлошата фаза од пандемијата, а здравствениот систем во земјата е во голема криза.
Некои градови и држави воведоа свои ограничувања како одговор, пренесува Хина.
Бразилското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 260.000 луѓе починале од Ковид-19, што е втор резултат по бројот на смртни случаи од пандемијата во светот, по САД.