Повик до СЗО да започне нова истрага за потеклото на коронавирусот

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Група од 26 експерти испратиле отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) со барање за нова истрага за пандемијата на коронавирусот, бидејќи, како што велат, досега не е исклучена ниту една теорија за потеклото на Ковид 19, пренесе Ројтерс.

Еден од авторите на ова писмо, Николај Петровски, експерт за вакцини на Универзитетот Флиндерс во Аделаида, Австралија, за агенцијата изјави дека и покрај истрагата на СЗО во Кина во јануари, светот не е поблиску до информации за потеклото на Ковид-19.

Ројтерс пишува дека вчера во отворено писмо од овие експерти се вели дека мисијата на СЗО нема мандат, независност или соодветен пристап да спроведе целосна и неограничена истрага за сите теории за потеклото на Ковид-19.

„Сите можности остануваат на маса и сè уште не сум видел никакви независни научни податоци што исклучуваат некоја од нив“, изјави Петровски за агенцијата.

Во јануари, тим научници избрани од Светската здравствена организација (СЗО) ги посетија болниците и истражувачките институти во Вухан, Кина, каде што за прв пат беше идентификуван коронавирусот, во потрага по траги од потеклото на Ковид-19.

Мисијата се најде на удар на критичарите кои го обвинија СЗО дека премногу се потпира на кинеските теренски работи и податоци, додека некои членови на тимот, исто така, рекоа дека Кина не сака да споделува клучни податоци што можат да покажат дека Ковид-19 циркулирал неколку месеци порано отколку што беше признаено, соопшти агенцијата.

Слични содржини