Захарова: Ќе ги развеселиме САД со црна листа

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова објави руска „црна листа“ како одговор на санкциите на САД и ЕУ во врска со случајот Навални.

ТАСС известува дека за време на нејзиното гостување во политичката емисија „Времето ќе покаже“ на државната телевизија Канал 1, таа најавила дека Русија соодветно ќе одговори на американските санкции и дека се подготвува соодветна „црна листа“.

„Во согласност со начинот на однесување на Американците и начинот на кој ги објавија сите свои списоци одеднаш, мислам дека наскоро ќе ги расположиме“, рече Захарова, според агенцијата.