Русија и Германија го потврдија завршувањето на „Северен тек 2“

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

И покрај забележителното влошување на односите меѓу Русија и Германија во последно време, нема несогласувања во врска со проектот „Северен тек 2“, изјави шефот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија, Константин Косачов.

Како што изјави рускиот сенатор за телевизијата „Вместе РФ“, државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Германија, Мигел Бергер, за време на средбата со него, потврдил дека Германија е заинтересирана за реализација на проектот „Северен тек 2“.

„Г-дин Бергер потврди дека Германија е заинтересирана за реализација (на проектот). Германија ги разбира сите ризици и проблеми поврзани со главната опција за транзит на руски гас кон Европа преку Украина“, истакна Косачов.

Сенаторот констатирал дека украинскиот систем за транспорт на гас е во лоша состојба, бидејќи не е саниран 30 години. За тоа се потребни дополнителни трошоци, а „Северен тек 2“ ги ослободува компаниите од непотребни трошоци, заклучи Косачов.

Претходно беше објавено дека работите за поставување на цевките на гасоводот „Северен тек 2“ во данските води ќе траат до крајот на септември 2021 година.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на две гранки на гасоводот, чијшто вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Слични содржини