Од коронавирус почина македонски новинар Драган Ристов

од Берта Китинска
270 прегледи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов кој почина поради компликации од Ковид-19.

Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ.

47- годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.

Слични содржини