Обединетите нации сè уште не добиле доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед, е сè уште жива.
Принцезата Латифа Ал Мактум се обиде да избега од земјата во 2018 година, но беше фатена и приведена. Оттогаш е недостапна, пишува Би-Би-Си.
Обединетите нации побараа доказ од Обединетите Арапски Емирати дека принцезата Латифа е жива, но сè уште не добиле никаква потврда.
Кралското семејство од Дубаи објави дека принцезата Латифа била „згрижена дома“ ден откако Би-Би-Си објави снимки во кои принцезата го обвини својот татко, владетелот на Дубаи, дека ја држи во заложништво.
Таткото на принцезата Латифа е еден од најбогатите владетели во светот.
Princess Latifa: UN 'yet to see proof of life' from UAE https://t.co/wd5TtzdK4I
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 5, 2021