Колку наплаќаат Цеца и Карлеуша за рекламирање на Инстаграм?

од Stefanija Kuzmanovska
599 прегледи

Поп-sвездата Јелена Карлеуша е една од најплатените српски јавни личности на Инстаграм. Со повеќе од 2 милиони следбеници, пејачката зема повеќе од десет илјади евра за рекламирање на Инстаграм. По неа е фолкерката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која според изворите, зема дури 6.000 евра за рекламирање на оваа социјална мрежа. Тука се и Сека Алексиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Теодора Џехверовиќ и Маја Беровиќ.

Ценовникот за реклама „на ѕид“ и на „стори“ не е ист.

Сека, Теодора и Маја Беровиќ, наводно, барале околу 2.500 за реклама на „ѕид“, додека цената за „стори“ е околу 1.500 евра.

Но не зависи сè од бројот на следбеници.

Наташа Беквалац, која има околу 800.000 следбеници, зема 3.500 евра за објавата на „ѕидот“, а бара 2.000 евра за „стори“.

Сите пејачки имаат и попусти доколку остварат долгорочна соработка со компанија или профил.

Слични содржини