201
Синоќа во 22:50 часот, при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирале дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.
Како што информираат од МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.