Далај Лама се вакцинираше со „АстраЗенека“: „Бидете храбри и пријавете се“

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Далај Лама, 85-годишниот тибетски духовен водач, ја прими својата прва доза вакцина против коронавирус денес во болница во северниот индиски град Дармала.

Откако ја прими вакцината, Далај Лама ги повика сите луѓе да бидат храбри и да се пријават за имунизација.

Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама потврди дека денес се имунизирани уште десет лица кои живеат во неговата резиденција, и сите примиле вакцина изработена од Универзитетот во Оксфорд и британската „АстраЗенека“, а произведена од Индискиот институт серум.

Слични содржини