Најновиот извештај на Фридом Хаус, нотира напредок на Република Македонија од три поени во споредба со минатата година, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
-Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата.Ова, е силен и неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме, вели Каевски.
Тој вели дека во Извештајот е потенциран новиот забележителен напредок на нашата земја, во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.
-Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со јасна забелешка дека дел од граѓанските организации и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Истовремено, Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година, а нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.Времето кога нашата татковина беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации, вели Каевски.