Николас Кејџ се ожени по петти пат: Неговиот син е четири години постар од неговата последна сопруга

од Берта Китинска
388 прегледи

Актерот Николас Кејџ (56) по петти пат се ожени на церемонијата во Лас Вегас со својата 30 години помлада девојка, Јапонката Рико Шибате.

Кејџ со новата сопруга пред олтар застанал по само една година љубовна врска, а венчавката се одржала на интимна церемонија во хотел.

Новата сопруга на Кејџ носела венчаница која што била рачно изработена во стилот на традиционалното јапонско кимоно, додека пак Кјеџ носел црно класично одело од дизајнерот Том Форд. На свадбената  церемонијата присуствуваше неговата поранешна сопруга, трета по ред, Алис Ким и нивниот син Кал-Ел.

Веста за венчавката на холивудскиот актер со Јапонката пристигнува само две години откако тој се венчаше со шминкерката Ерико Коике.

Откако го поништи бракот со Ерико Коике, Николас Кејџ влезе во врска со Рико, која е 30 години помлада од него. Николас Кејџ од врската со колешката Кристина Фултон има уште еден син, Вестон, кој е четири години постар од сегашната „маќеа“.

Кејџ зад себе има уште еден краток брак со кантавторката Лиса Мари Присли (52), ќерка на Елвис Присли. Тие се венчаа во 2002 година и се разведоа два месеци подоцна. Кејџ исто така беше во брак со колешката Алис Ким (36) и Патриша Аркет (51).

Слични содржини