278
Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32752 лица од дијаспората. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април, соопштија од Државниот завод за статистика.
-Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено.Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, велат од ДЗС.