Тиодоровиќ: Ќе бараме построги мерки, контактите треба да се сведат на минимум

од Берта Китинска
431 прегледи

Епидемиологот и член на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ изјави дека медицинскиот дел од Кризниот штаб ќе побара најстроги мерки на следната седница, закажана за во вторник.

Тиодоровиќ за Радио Белград изјави дека е потребно да се намалат контактите на минимум во текот на следната недела и следниот викенд.

Проценувајќи ја изминатата година од појавувањето на првиот заразен со вирусот во Србија, Тиодоровиќ оцени дека е исклучително тешка борбата со пандемијата.

“Во овој сегашен случај, вклучени се лекари од скоро сите специјализации. Исто така, населението е истоштено. Сепак, реално и без политизација, работевме добро, во такви услови и повеќе од очекуваното”, смета Тиодоровиќ.

Тој додаде дека имало грешки и дека смета дека инфицирањето на домовите за стари лица и критичните ситуации во јули, ноември и декември се најголемите грешки.

„Секоја епидемија има свој крај, но кога тоа ќе се случи зависи од две работи – здравствениот систем и одговорноста на поединецот“, истакна Тиодоровиќ.

Тој изјави дека ако во Србија се вакцинираат три до три и пол милиони луѓе, заедно со оние кои веќе имаат стекнато имунитет, тоа ќе биде меѓу 60 и 80 проценти од населението и дека тоа ќе значи дека епидемијата е под контрола.

Слични содржини