510
„Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово… Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години.“, сподели екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски кој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажа одржување конгрес на 28 март во Скопје.