Германија ја зголемува употребата на вакцините на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Германија планира да ја зголеми употребата на вакцините на „АстраЗенека“, бидејќи властите одобрија дека може да се дава на лица постари од 65 години.

Стотици илјади дози на вакцина со недели „собираа прашина“ поради разгледувањата кој може да ја добие и сомнежите меѓу оние кои имаат услови да ја добијат.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Германија примила 2,1 милиони дози вакцини на „АстраЗенека“, а искористила само 721.000.

Берлин денес го отвора шестиот центар за вакцинација на поранешниот аеродром Темплехоф во центарот на градот, каде ќе се дава само вакцината на „АстраЗенека“, која минатата недела беше одобрена од германските регулатори и за лица над 65 години

По вакцинација, Германија заостанува зад Велика Британија и САД. До недела, 5,2 милиони дози на вакцина беа дадени во Германија, и обете дози беа дадени на 2,5 милиони луѓе, или само три проценти од 83 милиони жители.

Слични содржини