Не се само Хари и Меган се во центарот на вниманието на јавноста денес по бурното интервју. Во него се појавува и Опра Винфри (67), американската кралица на ток-шоуата.
Реакциите се прилично поделени.
Додека некои ја фалат, други остро ја напаѓаат затоа што, според нив, таа премногу ја прекинувала Меган.
Таа претходно ветила „шокантно“ интервју, велејќи во најавите дека ниту една тема не е забранета, и тоа навистина било така. Таа инсистирала на прашања во врска со расизмот на Кралството, постојано ја притискала Меган да ги објасни своите тврдења и да понуди конкретни детали, ѝ помогнала да се отвори за болната тема на мислите за самоубиство, а Хари ја убедил детално да ја открие својата врска со сите членови на неговото семејство.
Prince Harry helped his wife Meghan Markle escape from deep seated engraved racism. It’s that simple.
— Ricky Davila (@TheRickyDavila) March 8, 2021
Сепак, многумина кои главно го споделуваа своето мислење на Твитер биле изнервирани што Опра ја прекинувала Меган неколку пати пред да го заврши својот одговор.
„Опра поставува одлични прашања, но би сакала да престане да ја мачи Меган Маркл. Сакав да ја слушнам приказната на Меган, а не она што Опра мисли за неа“, напишал еден гледач.
„Опра мора да престане да се меша во оваа сочна исповед“, додал друг.
Oprah needs to stop interrupting this juicy narrative 😤
— Wɔwɔh Pikin ♋ (@NaiVeronique) March 8, 2021
„Дали само ми се чини или Опра постојано ја прекинува Меган среде реченица што навистина сакавте да ја чуете?“, напишала трета гледачка.
this interview is v interesting but it’s bothering me that oprah is either like trying to get her to say things she clearly doesn’t want to, or like is interrupting her
— skylar (@bwayskylar) March 8, 2021
Сепак, многумина застанаа во одбрана на Опра.
Y’all, I have to say this one more time: I was not expecting all that. It’s going to take me a very long while to process this.
Oprah is still the undefeated Queen of Interviews. 🙌🏾🙌🏾🙌🏾👑👑👑 #OprahMeghanHarry
— Honorée Fanonne Jeffers (@BlkLibraryGirl) March 8, 2021
„Опра навистина копа по овие информации, мислам дека никој не може да го стори тоа подобро“; „Опра е експерт. Таа ѝ дозволува на Маркл да се самоуништи “, се само некои од коментарите.
Пофалувајќи ги техниките на Опра за интервју и упорноста, многумина истакнуваат дека Опра треба да направи интервју со Бритни Спирс што е можно поскоро, по шокантниот документарец „Framing Britney Spears“ и основањето на движењето „Слобода за Бритни“.
Now we need this to happen:
🕯 🕯
🕯 manifesting 🕯
oprah
🕯 + 🕯
britney spears
🕯 interview 🕯
🕯 🕯— Yann (@yannhatchuel) March 8, 2021
Фановите се убедени дека само таа може да ги извлече сите детали што ја интересираат јавноста за пејачката.
Oprah’s next tell all interview should be Britney Spears and I’ll die on this hill.
— Tori Fletcher (@hellotorifletch) March 8, 2021
Дури и поранешниот батлер на принцезата Дајана, Пол Бурел (62), ја нарекол Опра како „многу паметна деловна жена“ затоа што успеала да добие шокантно интервју со Хари и Меган, години откако Дијана, принцезата од Велс, ја одби.
Тој рекол дека Дијана одлучила да даде свое бомбастично интервју во 1995 година на „емисија која се занимава со сериозни вести“, наместо во комерцијалното американско телевизиско шоу на Опра, бидејќи сакала повеќе да го контролира својот наратив.