Во изминатото деноноќие по направени 1562 тестирања, регистрирани се 316 нови случаи на Ковид 19 во земјава.
Институтот за јавно здравјје регистрираше и 11 смртни случаи, но и 681 излекуван пациент.
Според статистичките податоци новодијагностицираните пациенти се од следните градови: Скопје – 164, Куманово – 16, Прилеп – 34, Тетово – 12, Гостивар – 10, Штип – 6, Кавадарци – 13, Велес – 8, Охрид – 9, Струмица 5, Струга – 5, Кочани – 5, Кичево – 1, Неготино – 13, Гевгелија – 7, Свети Николе – 1, Крива Паланка – 1, Делчево – 1, Радовиш – 1, Виница – 2 и Богданци – 2.
Од починатите лица, 4 пациенти од Скопје, по 2 од Прилеп и Крушево и по еден од Штип, Битола и Охрид.
Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 8.863, додека од почетокот на пандемијата регистрирани се 107 479 случаи со Ковид 19. Вкупниот број на починати е 3 206, а на излекувани 95 410.