Царовска: Немаме интерно ширење на болеста, состојбата во училиштата е стабилна

од Берта Китинска
195 прегледи

Состојбата во училиштата е стабилна, со физичко активно присуство според последниот случај има некаде 35 ученици и околу 60 наставници што е многу помалку од крајот на првото полугодие и сите протоколи се спроведуваат, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Царовска вели дека засега не се размислува за нови мерки за училиштата со оглед дека има раст на заболените со ковид-19.Состојбата, како што уверува таа, е стабилна.

„Немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“, изјави Царовска.

Слични содржини