Заев: Пристапниот процес е најдобра алатка за сите европски вредности да ги донесеме дома

418 прегледи

Во рамки на денешната прес конференција на која беше презентиран Документот „Агенда- Европа дома“, премиерот Зоран Заев посочи кои ќе бидат клучните вредности врз кои тој документ се темели, а истакна и дека целта е оддржување на прва меѓувладина конференција за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Денес го усвоивме планот за агендата „Еврпа дома“. Станува збор за институциите. Тука се преточени приоритетите од акција 21. Ова е исто така своевиден роковник, за обврските кои ќе помогнат да се унапредат системот и институциите. Документот е подготвен, со заедничките тела на С.Македонија и ЕУ, како и препораките на Европската комисија. За секоја област се предвидени цели и активности, но и рокови за нивна реализација. Оваа граѓанска Влада, постигна напредок во политичките и економски области. Станавме 30. членка на НАТО, но за жал првата меѓувладина конференција за почеток на пристапните преговори во ЕУ, поради една земја членка, досега не се оддржа. Документот се потпира на новата структура на методологијата за пристапот кон ЕУ, односно го насловивме темел. Пристапниот процес е најдобра алатка за сите европски вредности да ги донесеме дома. Овој документ говори дека европеизацијата на С.Македонија не смее да чека и оттаму македонските граѓани треба да бидат горди “, истакна Заев.

Слични содржини