265
Секретаријатот за европски прашања ги мапираше проблемите од извештаите со цел да се унапреди системот на институциитеи. Изготвивме план со приоритети и цели, конкретни активности и рокови за нивно исполнување, изјави денеска заменик-претседателот на Владата Никола Димитров.
-Агендата „Европа дома“ ќе биде патоказ кој ќе треба да ги следат сите надлежни институции и да спроведат реформски чекори. Создадовме план заедно со надлежни министерства за вистински да ги поместиме нештата. Целта на овој документ е целосно комплетирање и мапирање на клучните чекори заедно со притисокот за остварување на нивните зададените задачи, изјави Димитров.