Педесетина француски пратеници добиле смртни закани

од Stefanija Kuzmanovska
510 прегледи

Претседателот на парламентот на Франција, Ришар Феран, ќе го извести судот за смртните закани кои ги примиле педесетина пратеници од различни партии, соопштија за „Франс прес“ извори во парламентот.

Непотпишаните закани за кои не беа наведени причини беа испратени до пратениците по е-пошта со фотографии.

Според извори на АФП, заканите ги примиле пратеници чии презимиња започнуваат со буквите Ц и М, и се смета дека тоа е дело на „очигледно неурамнотежена личност“.

Пратеникот Шарл де Курсон рече дека добил закана под наслов „Симболично обезглавување“ и дека во текстот се вели дека „понекогаш злосторствата започнуваат со зборови или слики“.

Пратениците во Франција честопати се мета на закани и навреди, особено на социјалните мрежи.

Слични содржини