Тајландскиот премиер уште еднаш покажа колку може да биде непредвидлив кон претставниците на медиумите.
Имено, тој ги испрска со средство за дезинфекција новинарите кои присуствуваа на редовната прес-конференција.
„Цел“ на премиерот на Тајланд, Прајут Чаноче, беа новинарите кои седеа во првиот ред.
Очигледно, премиерот беше вознемирен од последното новинарско прашање поврзано со можната реконструкција на владата, па им порача на новинарите „да се ја гледаат својата работа“, пренесе АП.
Потоа зел алкохолно средство за дезинфекција на рацете, ги испрскал новинарите и ја напуштил салата.
นาทีบิ๊กตู่จู่โจม หลังถูกนักข่าวถามเรื่อง การกลับคืนเก้าอี้ตำรวจของบิ๊กโจ๊ก pic.twitter.com/qPHT3TXheC
— Matichon Online (@MatichonOnline) March 9, 2021
Тајландскиот премиер еднаш истегна новинар за уво додека им се обраќаше на другите новинари, а исто така има фрлено кора од банана кон снимателите.