220
Во рамки на отворањето на новите простории наменети за Државната комисија за спречување на корупцијата, посочи како Владата преку системски мерки го дава својот максимум во битката против корупцијата.
„Се движивме кон департизација и деполитизација на државата. Секој граѓанин треба да одговара, но и да биде мотивиран. Со доставување на анкентните листови ќе се помогне во битката против корупцијата. Воведовме пракса за редовни координации со ДКСК, каде се отвораат прашања и се утврдуваат слабостите на системот. Преку нови системски мерки ги зајакнуваме мерките во широкиот фронт во борбата против криминалот и корупцијата“, истакна Николовски.