335
Град Скопје во денешната акција заедно со инспекциските служби повторно спречи ново формирање на дива населба под Железничката станица.
-Со механизација се отстранија импровизираните картонски куќи на паркиралиштето под Железничка, а со тоа се спречи и потенцијалното палење на огнови на отворено што често доаѓаат од таму во овој период од годината.Апелираме и ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193, соопштија од Град Скопје.