Владиниот врв ќе учествува на презентацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021. година на МТСП

273 прегледи

Од страна на Министерството за труд и социјална политика, денес ќе биде презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за 2021. година.

Во рамки на оваа презентација според најавите, свое учество ќе заземат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека настанот ќе се организира согласно препораките и мерките за заштита од Ковид-19.

Слични содржини