ПРИСТИГНАА ПОДАТОЦИ ОД ИЗРАЕЛ, еве колку навистина е ефикасна вакцината ФАЈЗЕР!

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Фајзер/Бајонтек соопштија дека податоците од Израел сугерираат дека нивната вакцина Ковид-19 е ефикасна 94 проценти во спречување на асимптоматски инфекции, што значи дека вакцината може значително да го намали пренесувањето на вирусот.

Компаниите, исто така, наведоа дека најновата анализа на податоците во Израел покажува дека вакцината била ефикасна 97 проценти во спречување на симптоматско заболување, тешка болест и смрт, објави Ројтерс.

Податоците се во согласност со податоците од клиничкото испитување на вакцината во декември, кое покажа дека вакцината Фајзер/БајоНТек е ефикасна 95 проценти.

Анализата, исто така, понуди реални докази за ефикасноста на вакцината во многу заразната варијанта Ковид-19, која беше откриена во Велика Британија и е позната како B.1.1.7.

Во Израел, само ограничен број на луѓе биле заразени со таканаречената јужноафриканска варијанта, позната како B.1.351, така што не било можно да се процени ефикасноста на вакцината против таа варијанта.

Израел е прв во светот според бројот на вакцинирани граѓани, откако до вчера околу 55 проценти од девет милиони жители биле вакцинирани со вакцината Фајзер/БајоНТек, додека 43 проценти ги примиле двете дози на вакцината.