Вашингтон ѝ порача на ЕУ: Не очекувајте испорака на вакцини на „АстраЗенека“ наскоро

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Вашингтон ѝ порача на Европската унија дека не треба да очекува наскоро вакцини оа „Астра-Зенека“ произведени во САД, соопштија денес два извора од ЕУ, што претставува нов удар врз залихите на вакцини во европскиот блок.

Американската порака може да ги искомплицира плановите за вакцинација во блокот, кој од јануари се бори со одложувања во испораките на вакцините, објави „Ројтерс“.

„Соединетите држави ни порачаа дека нема шанси да се испорачаат вакцини на Астра-Зенека во ЕУ“, рече висок службеник упатен во разговорите меѓу Унијата и Соединетите држави.

„Астра-Зенека“ на почетокот на годинава ѝ соопшти на Европската унија дека ќе ги намали испораките во вториот квартал, изјавија извори од ЕУ за „Ројтерс“, по поголемото намалување на испораките во првите три месеци.

Од „Астра-Зенека“ одбиле да коментираат на оваа тема, како и од Белата куќа.

Слични содржини