Војската на Мјанмар ја обвини премиерката за примање мито

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Воената хунта во Мјанмар ја обвини премиерката на таа земја Аунг Сан Су Чи дека незаконски примила 600.000 долари и злато. Новите обвиненија беа поднесени против неа во понеделникот, први март, еден месец откако беше ставена во домашен притвор. Уапсената лидерка од притвор ги повика граѓаните да протестираат против воената хунта.

Ова е најсериозно обвинување со кое се соочува соборената премиерка, иако сè уште нема докази за овие обвинувања од страна на армијата. Пратеник од нејзината партија Национална лига за демократија ги негираше обвинувањата.

На први февруари, армијата на Мјанмар ја презеде власта, ги замени владата и цивилната лидерка Аунг Сан Су Чи, воведе полициски час во неколку градови и забрани собирање на повеќе од пет лица.

 

Слични содржини