Министерот за здравство на Словачка поднесе оставка поради руската вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи изјави дека поднел оставка откако две коалициски партии го условија нивното останување во владата со неговото заминување.

Премиерот Игор Матовиќ рече дека Крајчи требало да поднесе оставка само доколку започне вакцинацијата со „Спутник V“, објави ТАСР.

Словачката владејачка коалиција составена од четири партии падна во криза поради набавката на руската вакцина, бидејќи делови од владејачката структура сметаа дека не треба да се купува затоа што не беше одобрена од Европската агенција за лекови, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини