По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот Св. Климент Охридски, при кој беше искршено едно дрво и направена друга материјална штета, екипи на Инспекторат на град Скопје веднаш направија увид на терен.
-Градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација. Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас, соопштија од Град Скопје.
Вчера во близина на Рамстор кај главното седиште на НЛБ Банка, шлепер удрил во стебло од дрво, а дрвото паднало врз возило во движење. Притоа, ја скршило и шовершајбната на автомобилот.