„Србија ќе ги победи крадците и мафијата“: Вучиќ најави нови докази

од Берта Китинска
248 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им порача на граѓаните дека следната недела ќе биде интересна и дека ќе им покаже на граѓаните многу трудови и докази.

Тој го објави на својот Инстаграм и додаде дека „Србија ќе ги победи крадците и мафијата“.

Како што објасни, две години слушал лаги за себе и за неговото семејство и секогаш бил подготвен да одговара на секое прашање до новинарите и надлежните органи, како и дека ретко поставувал прашања, но дека бил особено задоволен затоа што некои од неговите политички противниците потврдија дека тие и нивните компании имаат сметки во Швајцарија.

Слични содржини