Според медиумите во Италија, Јувентус е подготвен да го продаде Кристијано Роналдо за „само“ 29 милиони евра ова лето!
По срамот во дуелот со Порто, светските медиуми не престанаа да зборуваат за потенцијалното заминување на Португалецот од Италија, а сега таа приказна доби епилог. Роналдо одлучи да продолжи понатаму, тој сака можност да освои уште еден трофеј во Лигата на шампионите пред да ја заврши кариерата.
Јасно е дека нема голем број на клубови кои би можеле да си го дозволат Португалецот во своите редови, а како што објавија одредени светски медиуми, агентот на Роналдо, Жорже Мендеш веќе го контактирал Реал Мадрид за можно враќање на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“ .
Дали „кралскиот клуб“ ќе се определи за искусниот Португалец или ќе се обиде да донесе некои од младите sвезди како Холанд или Мбапе?
Да потсетиме, Роналдо минатиот месец наполни 36 години, сепак, без оглед на тоа, тој е прв стрелец во Серија А со 20 постигнати голови.