Хју Грант откри зошто ја изневерил Елизабет Харли со проститутка

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Ѕвездата на филмовите Love Actually и Notting Hill, Хју Грант, е веројатно најпознатиот пример за славна личност фатена со проститутка. Тој беше фатен во Лос Анџелес во 1995 година со Дивајн Браун (вистинско име Стела Мери Томпсон) и веднаш ја призна својата вина, па доби симболична парична казна и две години условно. Сега, по толку многу години, откри зошто се впуштил во такво нешто.

„Мислам дека знаете во животот што е добра, а што лоша работа. Епа јас направив лоша и тоа е тоа“, рече тој кратко по скандалот со проститутката во шоуто на Џеј Лен. Хју Грант во тоа време беше во врска со актерката Елизабет Харли. Таа му го прости инцидентот, но сепак подоцна раскинаа по 13 години врска, во 2000 година.

Во новото интервју на подкастот на WTF на Марк Марон, британската sвезда призна дека непријатност по гледањето на холивудскиот деби филм „Девет месеци“ довела до инцидентот. Потсетувајќи се на скандалот, тој рече:

„Филмот требаше да излезе една недела или две после тоа и имав лошо претчувство. Кога отидов да ја видам проекцијата, сите во неа беа брилијантни, а јас бев толку ужасен“.

„Едноставно бев разочаран од себе. Не знам што се случи“, призна тој.

„Филмот добро помина, и мислам дека тоа беше најважно за Холивуд“, рече актерот.

Слични содржини