Филипче: Немам проблем да се вакцинирам со АстраЗенека

од Nikola Popovski
255 прегледи

„Стигнавме до количните и да разговараме за времето на транспорт на кинеските вакцини, но после тамошното Министерство за надворешни работи ни беше укажано дека не е тоа патот по кој што треба да се оди, дека претставниците на Кина имаат преференца и ние го испочитувавме тоа. Тоа е некоја политика која Кина ја застапува насекаде во светот“, вели министерот за здравство Венко Филипче за емисијата „Топ тема“.

По обвинувањата за земените провизии, тој прашува за вакви провизии станува збор, кога тие направиле уплата и таа уплата се вратила.

„Каква е таа фантомска фирма која што вие ќе добиете назад некоја уплата. Ова е доказ дека обвинувањата се неточни“, потенцира Филипче.

По забелешките на другите земји за вакцината на АстраЗенека,министерот соопшти дека нема проблем да се вакцинира со било која вакцина.

„Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека. Но, внимателно ги следиме забелешките од другите земји. Будно пратиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки“, рече Филипче.

Слични содржини