355
Фудбалерите на Лидс и Челси во саботата одиграа нерешено 0:0 на првиот натпревар од 28. коло во Премиер лигата.
„Сините“ од Лондон се на четвртото место во шампионатот со 51 бод, додека Лидс е на 11-то место со 36.
Блескаше голманот на Челси, Едуард Менди, кој ја зачува мрежата на 19-от натпревар (од вкупно 31) откако дојде во клубот, а прими само 18 гола, што е импресивен резултат.
Во исто време, дури и по 12 натпревари во сите натпреварувања, Томас Тухел не знае за пораз на клупата на лондонскиот тим. Така тој го изедначи рекордот на Фелипе Сколари со најдобриот старт кога дојде на позицијата тренер на Челси.
Во следната рунда од лигата, Лидс ќе гостува кај Фулам, а Челси ќе се сретне со Вест Бромвич Албион.