Николовски: Запленети 4.5 тони путер со рок до 2019 година

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, сподели тој.

Слични содржини